Претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова од денес во дводневна официјална посета на Црна Гора

Прседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова од денeска, 28 ноември 2024 година, ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора, каде ќе има средби со државниот врв на земјата, соопштија од нејзиниот кабинет.
Како што е најавено, македонската претседателка во Цетиње, со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од нејзиниот црногорски колега Јаков Милатовиќ. Потоа ќе уследи „лице-в-лице“-средба на двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете земји.



Претседателката во Подгорица ќе оствари средба и со претседателот на парламентот на Црна Гора Андрија Мандиќ.Според агендата, утре, на 29 ноември, е предвидена средба и со премиерот на земјата Милојко Спаиќ.

„Во Правниот факултет на Универзитетот на Црна Гора ќе одржам предавање на тема ‘Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон.“ – дополни преку својот официјален фејсбук-профил претседателката Силјановска-Давкова во врска со оваа посета на Црна Гора.