За претседател на Комисијата за помилување именуван е проф. д-р Методија Каневчев, донесе одлука Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која го именуваше новиот состав.
За членови на комисијата се именувани проф. д-р Гордан Калајџиев, проф. д-р Арлинда Кадри Шахиновиќ, д-р Зора Митиќ, м-р Ана Ѓорѓиева Ивановска, Саше Димовски и Ајтен Шаќири.
Новоименуваните членови се истакнати експерти и познавачи од областа на правото.






