Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска запрашана за став во врска со годишниот извештај за напредокот на Македонија кон ЕУ вели дека очекува позитивен извештај и не многу различен од претходно.
Претседателката коментирајќи го новиот извештај кој ќе биде презентиран денеска вели дека не очекува големи промени и меѓу редови предупредува дека тој станува нерелевантен.
Силјановска Давкова смета дека по 16 позитивни извештаи во прашање е и кредибилитетот на унијата.
Ако претходно многупати Европарламентот и Европската комисија препорачале почеток на преговори за Македонија а Советот на ЕУ го одбил ова барање нешто не е во ред, смета претседателката.
За неа е клучно Македонија да почне преговори за членство со ЕУ согласно Критериумите од Копенхаген.
Во минатото имало ситуации кога Европарламентот и Европската комисија биле против прием на нови членки но со одлука на Советот на ЕУ биле примени нови држави.
За разлика од нив кај Македонија има различен пристап предупредува Силјановска Давкова.





