Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска одржа прес конференција на која информираше дека Република Северна Македонија ја коспонзорираше Резолуцијата на ОН насловена “Меѓународен ден за рефлексија и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995” а во која една од главните точки е воспоставување на ден за одбележување на масакрот од Сребреница, на 11 јули секоја година.



Резолуцијата е на предлог на Босна и Херцеговина коспонзорирана иницијално од САД и Германија. Истата пред Генералното собрание на Обединетите Нации ќе биде претставена на 17 април 2024 година, а ќе се гласа на 2 мај 2024 година…