Лицето кое со самострел нападна жандарм на должност пред израелската амбасада вчера во Белград е идентификуван како Милош Жујовиќ (25), верско име Салахудин, преобратеник од Младеновац кој се преселил да живее во Нови Пазар, соопшти министерот за внатрешни Ивица Дачиќ.
Со самострел гаѓал во жандарм, овој во самоодбрана го убил
Нападнатиот жандарм кој бил погоден со стрела во врат, во самоодрбрана го убил напаѓачот.
„Во продолжение на акцијата полицијата ќе изврши претреси на повеќе локации. Сите наши сили се на највисоко ниво на подготвеност – рече министерот Дачиќ, соопштенија од МВР, пренесе МИА.
„Полицијата го истражува случајот. Немаме повеќе детали. Во моментот на настанот, Амбасадата беше затворена, а нејзините службеници и дипломати не беа во зградата. На ранетиот припадник на Жандармеријата му посакуваме брзо закрепнување – изјавија од израелската амбасада во Белград.
„Нападот врз припадник на жандармеријата, кој ја обезбедуваше амбасадата на државата Израел во Белград, истовремено е и напад на дипломатско-конзуларното претставништво на земја со која Србија одржува пријателски врски, но и напад на Србија. Србија ќе има нулта толеранција кон тероризмот и секаков вид на екстремизам и ќе продолжи да гарантира неповредливост на странските мисии, согласно член 22 од Виенската конвенција за дипломатски односи“, се наведува во соопштението од српското МНР.
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, најостро го осуди „грозоморниот терористички напад“ нагласувајќи дека државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам и им порача на граѓаните дека можат да се чувствуваат безбедно.






