Премиерот Мицкоски изјави дека неделава ќе има последна завршна средба односно односно ,,сиктер кафе” со лидерот на фракција во Алијанса за Албанците и министер за здравство Арбен Таравари.
На својот се уште актуелен министер му посакува здравје иако не му е јасно зошто се враќа во друштво со оние што две децении ја пустошеа Македонија.
„Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на неделата на која што ќе сумираме што е тоа што е направено и да му посакам пред се добро здравје, тоа е она кое на сите нам ни е најважно. Очекувам оваа недела да имаме едно завршно кафе пиење а се разбира потоа очекувам понатаму, бидејќи владата е стабилна, цврста и има силно мнозинство во парламентот, таа да продолжи со реформскиот процес, со проектите и со испорачување кон граѓаните, бидејќи тоа е што граѓаните го очекуваат од нас“, изјави премиерот.
Мицкоски не кажува дали некој од членовите на владата ќе си останат или можеби ќе се бара ново партнерство со друг политички субјект, бидејќи со заминувањето на Таравари власта ќе остане покуса за пет пратеници.
„Времето ќе покаже дали ќе биде така. Владата има близу две третини поддршка во парламентот и посветена на проекти, реформи и одлучна борба против криминалците и корупцијата. За жал, против оние, за жал, на кои им се придружува Арбен Таравари“, потенцира Мицкоски.
Преходно министерот за добро владеење Арбен Фетаи порача дека нема намера да се враќа во друштво со ДУИ.
Изјавата на Мицкоски на линкот
https://www.facebook.com/watch/?v=539939582316872







