Премиерот Христијан Мицкоски вечерва пред Божиќ објави слика од Бадниковата вечера кај него дома и каде во семејството паднала паричката.
,,Оваа година, за Бадник, семејната топлина и радост беа дополнети со едно мало, но значајно изненадување – паричката од бадниковата погача падна кај мојот син Антониј!
Со искрена радост и надеж дека и вас ве следи среќа во новата година, ви посакуваме убави празнични моменти, мир во срцата и многу љубов во вашите домови.
Среќни празници и Христос се роди!”, објави премиерот на фотографијата на која се наоѓаат и неговите два сина, сопругата Рози и неговите родители.
Мицкоски има два сина, постар е Јован а паричката паднала кај помалиот Антониј.






