Шпанскиот премиер Педро Санчез реши да се откаже од намерата да поднесе оставка по нападите врз него и неговата сопруга Бегона Гомез, која е обвинета за тргуивање со влијание.



На 24 април, шпанскиот суд отвори истрага против Гомез поради сомневање за поткуп.

„По внимателно разгледување, решив да останам на функцијата“, објави Санчез во јавното обраќање по 5 дена целосен молк.

Неговата одлука доаѓа по синоќешниот голем митинг на приврзаниците на шпанската социјалистичка партија, кои на митинг са поддржа му порачаа „Педро, не се откажувај“ и „Не си сам“.

Премиер ги отфрли обвинувањата како дел од кампањата на неговите политички противници да го оцрнат него и неговата сопруга.
Тој е на функцијата од 2018 година, а минатата година доби нов мандат за социјалистите како лидер на малцинска коалициска влада.