Како шпто беше и очекувано, Милош Вучичевич, на денечната прес конференција поднесе оставка и за тоа го известил претседателот Александар Вучиќ.
“…утрово кога се разбудив, ја видов оваа вест од Нови Сад дека рано утринава или доцна синоќа дошло до физичка пресметка, каде била повредена студентка и дека конфликтот започнал затоа што некој доаѓал во СНС…
Ако некој сакал да се жртвува, ако луѓето од партијата сакале да го бранат, конфликтот завршувал физички на друга локација. На Ана и посакувам брзо закрепнување, за што поскоро да биде со семејството. Мислам дека е пуштена на домашно лекување. Добро е што нема сериозни последици, ова е нешто што е неприфатливо. Очекувам сторителите, напаѓачите да бидат уапсени. Можно е тие во овој момент да се веќе во рацете на полицијата, да бидат изведени пред лицето на правдата и предметот дополнително да биде проследен на процесуирање кај обвинителот.
(…)
По овој настан синоќа во Нови Сад, мојата неотповиклива одлука е да поднесам оставка од функцијата премиер на Република Србија. Имав долга средба со претседателот Вучиќ, тој ја прифати мојата одлука и аргументите. Мислам дека со тоа ја покажуваме одговорноста на оние кои се избрани да бидат одговорни, за да не се прелее на улица, дополнително да се подели општеството, туку политичарите да ја прифатат одговорноста и барем на тој начин да доведат до или да покажат дека се подготвени да доведат до смирување на тензиите. Дека сите треба да се вратат на разговорот, да се бара решение кое е најдобро за Србија, а не за некоја странска држава или странски интереси.
Неприфатливо е некој друг да напаѓа, неприфатливо е да влегувате во туѓи партиски простории“, рече сега веќе екс-премиерот.






