Премиерот на Гренланд: Не го даваме на САД!

Соединетите Држави нема да го приграбат Гренланд, изјави премиерот Јенс-Фредерик Нилсен како одговор на изјавите на Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз големиот остров на Арктикот.



„Сакам да бидам јасен: САД нема да го добијат. Ние не припаѓаме на никого. Ние сами ја одредуваме нашата иднина“, рече Нилсен.

Трамп изјави за NBC News дека имал „целосно“ реални разговори за анексија на полуавтономната данска територија.

За време на посетата на воената база во северниот дел на Гренланд во петокот, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја обвини Данска дека не прави добра работа во обезбедувањето на островот и сугерираше дека Соединетите Држави подобро ќе ја заштитат стратешки лоцираниот остров.

Тој го повика народот на Гренланд да се отцепи од Данска за да овозможи „разговор“ меѓу САД и островот за потенцијално преземање.

Заа новинарите потоа изјави дека не сугерира промена во официјалната политика на администрацијата. Наместо тоа, тој нагласи дека Трамп верува дека воената сила нема да биде потребна за американското преземање на Гренланд. „Ние не мислиме дека воената сила некогаш ќе биде потребна“, рече Венс во базата Питуфик.
Трамп: Никогаш не исклучувам воена сила

На прашањето за тие коментари за време на интервјуто за NBC, Трамп ја повтори својата посветеност на идејата САД да ја преземат контролата врз островот, но исто така додаде дека постои „добра можност“ тоа да се постигне без воена интервенција.

„Не, никогаш не исклучувам воена сила. Но, мислам дека има добри шанси да го направиме тоа без неа“, рече Трамп.

„Ние имаме обврска да го заштитиме светот. Станува збор за светскиот мир и меѓународната безбедност. И додека јас сум претседател, тоа е моја одговорност. Не, не исклучувам ништо.

Трамп: Ќе го земеме Гренланд сто отсто