Премиерот Мицкоски се сретна со директор на компанија која вреди 138 билиони долари.
Се работи за компанија која е формирана пред 11 години и преку која одат сите купувања на Крипто валутите.
,,Oстварив средба со Џеси Спиро, главен директор во Тетер и одговорен за стратешките односи со владите во Светот.
Тетер е најголемата компанија во Светот која менаџира дигитален капитал, крипто валути. Профитот на компанијата во 2023 година е 6,2 милијарди американски долари, а само во првата половина од 2024 година профитот на компанијата е 5,2 милијарди американски долари.
Разговаравме за крипто пазарот, иднината на крипто валутите и блокчејн технологијата. Секоја инвестиција во Македонија на Тетер и споделено искуство од најголемите во својата област е добредојдено. Мора да чекориме со големи чекори напред. Предизвиците на иднината не смееме да ги игнорираме и да останеме заобиколени туку треба да бидеме дел од нив, за да Македонија биде повторно горда и ваша”, објави Мицкоски по средбата.






