Премиерот Мицкоски посакува Борисов да успее да состави влада

Во пресрет на денешните седми по ред избоrи за нешто повеќе од три години во Бугарија, македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, вчера изјави дека очекува бугарските граѓани да ја изберат најдобрата влада која ќе работи во интересите на бугарските граѓани.



„Бугарските граѓани претпоставувам дека најдобро знаат кого да го изберат и да ги претставува и во бугарскиот Парламент и во идната бугарска Влада. Им посакувам успешни, фер и демократски избори и да ја изберат најдобарата влада којашто мислат дека ќе работи во интерес на бугарските граѓани и која ќе промовира стабилност во регионот и добросоесдски односи.

Не би можел да издвојам кој би бил подобар соговорник, но можам да кажам дека со партијата ГЕРБ која што ја води Борко Борисов сме во исто семејство во европската народна партија (ЕПП) и логично е да посакам политичка партија која доаѓа од нашето семејство да победи на изборите“, рече Мицкоски.