Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес, на 10 јуни 2025 година, ќе присуствуваат на пуштање во употреба на реконструираниот Оддел за управни работи – Скопје, во зградата на Македонската радиотелевизија.
Со проектот се планира реконструкција на приземјето и првиот кат, односно површина од 2300 метри квадратни метри. Вкупната вредност на работите е 48 милиони денари. Завршена е првата фаза на проектот: реконструкција на најголемиот дел од приземјето со површина од 1300 квадратни метри.
Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.






