Премиерот Мицкоски денеска во Општина Кавадарци

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе ја посети Општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.



Како што соопшти владината прес-служба, Мицкоски ќе го посети селото Дабниште, каде се врши реконструкција на фекална канализација, потоа ќе направи увид во реконструкцијата на пристапниот пат од село Ресава до викенд населбата Косовец покрај Тиквешкото езеро и ќе ја пушти во употреба спортската сала во село Возарци.