Премиерот Христијан Мицкоски во Вашингтон имал вечера и средба со Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација.
,,Во Вашингтон имав вечера и одлична средба со @DevinNunes, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација, Џон Битов – американски бизнисмен со македонско потекло, сопственик на повеќе мултимилионски компани, Марко Галина бизнисмен и одговорен за МАГА во Португалија и Крис Павловски сопственик на @rumblevideo групацијата.

Разговаравме за можноста за инвестиции во Македонија, за конкретни проекти од бенефит за граѓаните. Меѓу другото ги посочив напорите кои Владата ги дава за стабилизирање на економијата, рекордот кој го остваривме во привлекување на инвестиции во државата и поволностите кои се нудат. Воедно ја искористив можноста за лобирање за македонските интереси и позиции во однос на клучните прашања за нас. Станува збор за високо позиционирани луѓе во американското општество со можност за влијание на прашањата важни за нас”, објави премиерот Мицкоски по средбата.
Поврзана содржина
Човекот кој е еден од најзаслужните за победата на Доналд Трамп поканет од премиерот Мицкоски
Еден од највлијателните светски новинари доби покана да дојде во Македонија





