Премиерот добивал СМС-пораки од „интегративците“ со барање ДУИ да влезе во Влада

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница вчера обелодени дека функционери на ДУИ му праќаат СМС пораки со кои се согласуваат партијата да биде во Владата и дека дури понудиле да добијат половина од функциите кои сега ги има коалицијата ВРЕДИ. 



Мицкоски ова го соопшти во одговорот на координаторот на пратеничката група на ДУИ, Блерим Беџети, кој претходно обвини дека сегашната Влада немала етнички легитимитет.

„Јас можам да ви покажам СМС пораки од високи членови на вашата политичка партија како ми праќаат пораки дека тоа што „ВРЕДИ“, нашиот коалиционен партнер го има во Владата, пола е доволно за ДУИ само за да влезе во Владата.

Да Ви покажам и такви СМС пораки ако сакате“, праша Мицкоски…