Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на сесија за пратенички прашања откако беше прозван го праша лидерот на Левица Димитар Апасиев како среде Скопје купил деловен простор за багатела
Премиерот бара обвинителството да провери потенцијален криминал во овој случај.
,,Јавно го прашувам Димитар Апасиев дали му е познат објектот во центарот на Скопје, каде што Левица на 26 ноември 2024 година купила деловен простор од 409 м² по 721 €/м², што е далеку под реалната вредност. Град Скопје ја проценил недвижноста повисоко, а пресметаниот данок изнесува 739.285 денари.
Го повикувам обвинителството да истражи дали има кривично дело. Се поставува и прашањето дали Левица ќе учествува на јавното наддавање за Соравиа, вредно 22,4 милиони евра.
Со криминалот нема компромис, сите одговорни мора да одговараат”, изјави премиерот од собраниската говорница.
Лидерот на Левица потврди дека е купен деловен простор но вели дека не била цела зграда.
„Ова што Вие го правите, кога рипате од тема на тема само за да не кажете што сте направиле, стручно во реториката се вика „синдром на коза“ или уште постручно „вербална дијареа“ – зборувате за сѐ, само за она што Ве прашав не зборувате.
Вашите часовници вредат повеќе од таа зграда и гррешно Ве брифирале – Левица купи подрумски простории со приземје, а не цела зграда”, одговори Апасиев меѓу другото.
Видеото од документот што го покажа Мицкоски на овој линк
https://x.com/MickoskiHM/status/1907765193930666457?t=Mowu04AafcWXdIDps1xDdQ&s=19







