Во попладневните и вечерните часови денеска наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво за опасност од високи температури.
UV=9
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.





