Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ќе добие прекршочна за пиротехничките средства што беа одземени во неговиот автомобил за време на полициска контрола на 30 декември 2023 година.
Обвинителството утврди прекршочна одговорност и издаде наредба до Министерството за внатрешни работи – СВР Скопје за поведување прекршочна постапка против Ахмети, согласно Законот за заштита од експлозивни материи.
Од Јавното обвинителство соопштија дека утврдиле дека количината на пиротехниката не била доволно голема за да се оправда кривична одговорност, а Министерството за внатрешни работи не поднело кривична пријава, туку само известување.
По целосно спроведена предистражна постапка и наредено вештачење, обвинителството ги обезбедените докази утврдуваат прекршочна одговорност на лицето и издаде Наредба до МВР – Биро за јавна безбедност – СВР Скопје со која побара поведување на прекршочна постапка против пријавениот согласно одредбите од Законот за заштита од експлозивни материи, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Во однос на кривична одговорност, вешто лице изврши увид и анализа на запленетите пиротехнички средства и детално констатираше поединечно за каков вид на пиротехнички производи станува збор. Согласно извршеното вештачење, во конкретниот случај се работи за 7 петарди и 15 кутии со ракети за огномет, што биле евидентирани поединечно, но во суштина се поврзани и претставуваат една целина.
Јавниот обвинител утврди дека Ахмети не поседувал одобрение за транспорт на пиротехничките средства, што претставува прекршок согласно член 69 од Законот за заштита од експлозивни материи.
Прекршокот ќе биде предмет на постапка пред комисија во Министерството за внатрешни работи






