Состојки:
Тесто:



-15 гр шеќер
-1 маргарин
-1 прашок за печиво
-5 жолчки
-брашно по потреба

Фил:

-3 јогурти
-3 кисели павлаки
-7 лажици брашно
-1 ванилин шеќер
-5 белки
-20 грама шеќер

Подготовка:

Тестото замесете го и поделете го на два дела. Едниот ставете го во замрзнувач, а другиот развлечете го во поголем плех и испечете го но напола, не целосно.

За филот изматете ги белките заедно со шеќерот, додадете јогурт и павлака, па на крајот брашно. прелијте ја смесата врз напола печениот колач. Смрзнатиот дел изрендајте го врз филот а потоа печете на 200 С. Кога е готов посипете шеќер во прав врз него.
Величина на плех 30џх40 см.