Израел ќе го прифати предлогот на Стив Виткоф, претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, за привремен прекин на огнот во Газа за време на Рамазан и Пасха, соопшти рано утринава канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, неколку часа по завршувањето на првата фаза од претходно договорениот прекин на огнот.
На првиот ден од предлогот на Виткоф, половина од заложниците во Газа, и мртви и живи, ќе бидат ослободени, соопшти кабинетот на Нетанјаху.
Во соопштението се додава дека преостанатите заложници ќе бидат ослободени кога ќе се постигне договор за траен прекин на огнот.
Виткоф го даде предлогот за продолжување на сегашниот прекин на огнот, сфаќајќи дека е потребно повеќе време за да се постигне договор за траен прекин на огнот на преговорите, се вели во соопштението.






