Прекинат мечот Кипар – Косово во Ларнака поради транспарент „Косово е Србија“

Косово вечерва одново беше дел од натпис со политичка содржина на фудбалски натпревар, овојпат на мечот Кипар – Косово од Лигата на нациите во Ларнака, кадешто домашните навивачи на оградата од трибината истакнаа два транспарента: „Косово е Србија“ и „Кипар е грчки“.



По протестите од косовскиот тим, средбата од второто коло во дивизијата Ц беше прекината на барање на судијата Себастијан Гишамер, а продолжи откако транспарентот беше отстранет.

Пред два дена во Прага албанските фанови на дуелот Украина – Албанија исто така од Лигата на нациите истакнаа транспарент со пораката „Косово е Албанија“.