Презадоволен оти „Таравари решил да не биде аргат и да ја напушти Вреди“, „бегот“ Ахмети ги повикува и „другите да не аргатуваат на агите“?!

„Првите знаци дека Алијансата за Албанците ќе ја напушти коалицијата Вреди се видоа уште од моментот кога Таравари рече дека има канали за комуникација со ДУИ. Дека имало комуникација потврди и лидерот на интегристите Али Ахмети. „Како што изјави и Таравари: имав краток телефонски разговор со него и ништо повеќе.“ – рече Ахмети. Ова го објави ТВ 21.

Натаму, телевизијата истакнува: Според Таравари, причината поради која АА не постигна договор со другите челници на Вреди е тоа што тој сакал да оди на локални избори со посебна советничка листа, а за што другите не се согласиле. Сепак, Ахмети вели дека има уште една причина.

„Со вклученоста на политичките партии од Вреди во извршната власт на С.Македонија, тие ги девалвираа и ги понижија Албанците во оваа земја. Постојано ги повикуваме да ги напуштат институциите, за да не станат дел од понижувањето. Да не бидат дел од девалвирањето на Албанците. Колку поскоро ќе го разберат ова сите… Таравари ги сфати позициите на Албанците во Македонија дека нему како на аргат му кажуваат агите што да прави. Тој го разбрал ова порано. Посакувам тоа да го разберат и другите.“ – посочи лидерот на ДУИ Али Ахмети.