Договор од Преспа, Спогодба од Преспа или Преспански договор — меѓународен договор потпишан од министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Никос Коѕијас и Никола Димитров, и посредникот на ООН за спорот за името на Македонија, Метју Нимиц, беше потпишан на 17 јуни 2018 година во селото Нивици, Егејска Македонија, на Преспанското Езеро.



Тоа беше услов земјата да не биде попречена од јужниот сосед и како Република Северна Македонија влезе во НАТО.

Но, тоа , барем засега, не овозможи и влез во Европската унија, откако доби вето, најпрво од Франција, а потоа и од Бугарија.

Со Договорот беше раскината Времената спогодба потпишана во Њујорк на 13 септември 1995 година.

Договорот беше решение за спорот помеѓу Грција и Македонија и да воспостави стратешко партнерство меѓу двете држави.

Според договорот, Република Македонија го промени своето официјално и уставно име во Република Северна Македонија, ерга омнес, а Грција го призна државјанството на соседната земја како македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, се согласи да го именува официјалниот јазик на соседната земја како македонски, и се обврза да не го попречува членството на соседната земја во меѓународните организации.

Договорот беше потпишан од тогашната партија на власт СИРИЗА од грчка страна, и СДСМ од македонска страна.

на 30 септември истата година, се одржа референдум на кој граѓаниуте требаше да одговорат на прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Република Грција?

Откако не успеа референдумот, Договорот беше ратификуван во Собранието осум месеци подоцна, а стапи во сила на 12 февруари 2019 година.

Земјата стана 30-та членка на НАТО и (делумно) се отвори патот за членство во Европската Унија, а Северна Македонија, на југ, како што доста често се слушаше од двете страни, доби земја-пријател, но и сојузник.

На решението му претходеа преговори што траеја 27 години, периодично беа со позасилено темпо и почести средби, но имаше и периоди кога беа во застој и прекин, но секогаш завршуваа без заемно прифатливо решение, се до крајот на 2017 година кога се интензивираа разговорите по речиси тригодишен застој и беше постигнат Договорот.