Пред целосен крах – Водечка македонска болница бара матични лекари да не ѝ праќаат пациенти

Водечка македонска болница бара од матичните лекари да не праќаат пациенти во неа затоа што имале само еден лекар специјалист трансфузиолог.



Од болницата 8ми Септември ГОБ која важи за водечка јавна здравствена установа признаваат имаат само еден трансфузиолог и бараат матичните лекари пациентите да не ги праќаат во оваа туку во други приватни здравствени институции.

Лекар од 8ми Септември на Фејсбук кој се соочува со преголем број пациенти кои не може да ги опслужи ги моли своите колеги во примарното здравство да не праќаат пациенти за кои нема апсолутна индикација.

Во обид да ги замоли матичните лекари да не праќаат пациенти дури вели дека зголемени Д-димери не значи секогаш дека има тромоботски процес што генерално е точно но е силен индикатор дека пациент се соочува со опасност од тромбоемболија или друг вид на тешки состојби со смртни последици.

Матични лекари кои се вџашени што преку фејсбук добиваат вакви барања на лекарот му објаснуваат дека не можат да не ги испраќаат во оваа болница луѓето кои со години таму добиваат здравствена нега.

Како посебен проблем го истакнуваат тоа што од нив се бара пациентите да бидат испратени во приватни здравствени установи каде услугите се скапи и огромен број на пациенти не можат да ги направат тестовите.

Како и зошто дошло до ситуација водечката болница во Македонија да остане на еден трансфузиолог кој се грижи за стотици пациенти соочени со тешки здравствени последици е прашање за кое одговор треба да дадат сите екс министри за здравство од последниве 10 години кои требало да ги планираат кадрите во овој сектор.

Меѓу нив е и носителот на СДСМ во изборната листа 4 екс министерот Венко Филипче кој во голем дел од владеењето на СДСМ беше прв човек во здравството.

Од 2017 година еден ист човек е директор на болницата 8ми Септември.