Државната изборна комисија соопшти дека кандидатите за градоначалници на партијата СДСМ се во водство или се веќе победници по првиот круг во 41 општина во Република Македонија. Претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ водат во 14 општини, а ДУИ најверојатно добил два градоначалника, а има предност во 7 општини.
СДСМ на прес конференција малку пред ова објави дека заедно со коалицијата извесно победуваат уште во првиот круг во општините: Аеродром, Берово, Битола, Богданци, Босилево, Бутел, Валандово, Вевчани, Велес, Гевгелија, Градско, Дебaрца, Делчево, Дојран, Ѓорче Петров, Карбинци, Карпош, Кочани, Крива Паланка, Кривогаштани, Крушево, Куманово, Ново Село, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Свети Николе, Стар Нагоричане и Центар.
Од ВМРО-ДПМНЕ за сега нема обраќање во фрома на прес конференција или изјава, но од таму велата дека водат во Гази Баба, Сопиште, Илинден, Штип.