Предупредувачка порака за интензивни временски појави (град, молњи, невреме) од раните утрински часови до пладне денеска, беше испратена од Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас.
„Ограничете ги вашите движења за време на појавите и следете ги упатствата на надлежните“ стои во предупредувањето до сите оние кои се наоѓаат во Солун, Халкидики, Катерини, Кавала…“
Министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Василис Кикиљас рече дека Комисијата за процена на опасности по одржаниот вонреден останок вчера наутро, информирала за опасни временски појави со силно невреме и многу интензивна громови во повеќе области во Грција, пренесе Катимерини.
„За невремето, потребна е голема претпазливост во однос на молњите на копно и море, рече Кикиљас, додавајќи дека жителите и посетителите треба да бидат особено внимателни и со морските бури“.






