На денешната седница Советот на јавни обвинители треба да го разгледа предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.
Седница за предлогот веќе на два пати беше одложувана, првично беше закажана за 18 март, но беше одложена поради седумдневната жалост по трагедијата во Кочани, а минатата недела, на 26 март беше одложена поради немање на кворум.
Советот, согласно роковите штт ги предвидува законот, треба да го разгледа најдоцна до крајот на неделава, иако Владата објави дека ќе ја прекине постапката.
Портпаролката на Владата Марија Митева, на 26 март, изјави дека Владата ќе ја прекине постапката за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, истото нема да го проследи до Собранието.
„Да појаснам дека Владата доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО ќе ја запре постапката, односно истото нема да го прати до Собранието, а се разбира Советот на ЈО согласно роковите кои што ги има ќе постапува,“изјави Митева.
Премиерот Христијан Мицкоски по трагедијата во Кочани изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител Коцевски ќе се запре во моментот до таму каде што се наоѓа.
Обвинителот Љупчо Коцевски доби „шанса“ да продолжи да работи






