„Предизборни хакирања“ на партиската страница на Алтернатива?

„Официјалната партиска страница на Алтернатива е хакирана од Месуд Бајрами. Случајот е пријавен во Министерството за внатрешни работи. Месуд Бајрами е исклучен од сите органи на Алтернатива и тој нема никаква врска со нашата партија. Бараме од надлежните органи овој случај да се третира на брз и ефикасен начин“ – ова денешно соопштение го пренесе ТВ 21 во својата информација со наслов „Страницата на партијата именувана со ‘Кратците од Алтернатива’ – Алтернатива тврди: Хакирана е од Месуд Бајрами“.



Телевизијата дополнува: „Откако била преименувана, на официјалната партиска страница била поставена објава, во која е наведено: ‘Зеќирија Ибрахими и Башким Муртези, излезете во јавноста и кажете кој краде и од тендерите на Здравствениот дом во Куманово? Пишува: Месуд Бајрами, член на Централното претседателство на Алтернатива на неговиот фејсбук-профил.“

Инаку, Зеќирија Ибрахими е претседател  на партијата Алтернатива, а Башким Муртези е нејзин организациски секретар. До овој момент нема официјална потврда за тврдењата на Алтернатива и МВР треба да се огласи официјално во врска со овој случај.