По предизвикани сообраќајни несреќи во кои пешаци се здобиле со тешки телесни повреди, двајца возачи се приведени во Скопје, а нивните возила се одземени
Првиот инцидент се случил на крстосницата од улиците Адем Демачи и Методија Митевски вчера околу 21:50 часот, кога возачот И.С. (45) од Скопје, управувајќи фиат со скопски регистарски ознаки, удрил во пешакот А.А. (57).
Повредениот веднаш бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Возачот И.С. е задржан во полициска станица и по наредба на јавен обвинител, неговото возило е одземено за понатамошна истрага.
Неколку часа претходно, околу 17:30 часот, уште една сообраќајна несреќа била пријавена во Скопје. На крстосницата од улиците Филип Втори Македонски и Мирче Ацев, возачот Б.Х. (52) од Турција, со живеалиште во Скопје, управувајќи патничко возило цитроен, удрил во Л.М. (48).
Таа се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
И во овој случај, Б.Х. бил приведен и задржан во полициска станица, а неговото возило е дземено за понатамошна постапка.
„ По целосно документирање на случаите, против возачите ќе бидат поднесени соодветни пријави“, изјавија од СВР Скопје.






