Гевгелискиот кошаркарски колектив кој до денешното гостување кај Левски имаше пет победи без пораз (три во нашата лига, две во БИБЛ), за прв пат почувствува како е да се загуби. Блокотехна доживеа несупех кај Левски со 99-93 во средба од БИБЛ лигата која одеше во продолжение. Имено по 40 минути беше 85-85 и мора да се признае дека нашиот состав беше тој што бркаше, за што говори и движењето на резултатот (25-23; 21-16; 23-22; 15-23), но имаше сили за нерешено, а дури потоа за пораз.



Најдобар поединец кај Блокотехна беше Двејн Бенџамин со 27 коша. Утре во регионалната кошаркарска лига Куманово го продолжува македонско-бугарскиот дуел со средба против Академик.