Прво го разрешија па се пишманија – Петличковски сепак останува претседател на Комисијата за заразни болести

Новиот министер за здравство Илир Демири очигледно е доста неодлучен. Прво пратил допис дека е разрешен претседателот на Комисијата за заразни болести, после се премисли па прати уште еден допис дека составот пжна Комисијата останува непроменет.



Министерството за здравство преку соопштение информираше дека д-р Александар Петличковски не е сменет од позицијата претседател на Комисијата за заразни болести.

Ваквата нивна реакција доаѓа откако првично дел од медиумите информираа дека Министерството за здравство преку меил го известиле дека е разрешен и дека на негово место ќе биде назначен доктор Звонко Миленковиќ, како и дека Комисијата добива нови членови.

Но, подоцна стигнал друг меил дека ваквата порака се отповикува, без притоа да се даде било какво објаснување.

Од Министерството сега велат дека Петличковски е актуелен претседател на Комисијата и останува и понатаму да ја извршува својата функција како и досега.

Истото, како што додаваат, може да се потврди со соодветна документација.