Први критики од EУ до новата Влада!

Европската Комисија преку нашата амбасада во Брисел побарала од новата влада реализација на итните реформи од планот 3 – 6 – 9, пренесува Алсат М, според која, во документот до кој дојде, амбасадорот во Брисел, Влатко Станковски, известил дек Комисијата била со став дека владата на Зоран Заев, премногу внимание троши на односи со јавноста, наместо со реформите.



Вчера шефот на Комисита за европски прашања, Аертан Груби, ја одложи денашната раправа воКомисијата за законот за јазици за кој еврокомесарот Јоханес хан, рекче дека не била во приоритетите на земјава за добивање позитивна препорака од Европката комисија.

Денес беше соопштено дека оидложувањето било поради „обврските на Груби во Брисел“,

Имаше коментари и шпекулации особено на социјалните мрежи дека Хан и неговите забелешки за „европското знаменце“ под кое се турка предлог-законот за јазици бил причин за одложување на расправата воКомисијатаза европски прашања откао бил отфрлено барањето на опозицијта за ова прашање да има јавна расправа.

Дури 90 амадмани се поднесени за предлог-законот за јазици од кои 84 се од претениници на  ВМРО ДПНЕ.

Инаку, од ЕУ очекуваат резултати од реформите до средината на јануари 2018 – та. Европската Комисија ја предупреди Владата дека негативно ќе влијае врз земјава ако се направат измени во законите кои се однесуваат на медиумите, сфера која не е приоритетна за ЕУ.

„Не тврдат дека е точно, но наслушнале дека се подготвуваат законски измени кои ќе ги променат критериумите за назначување директор на Агенцијата за медиуми што би довело до негово разрешување. Имаат критичен став во овој момент да се приоретизираат закони со сферата на медиумите“ – стои во писмото до кое дојде АЛСАТ М

Европската Комисија бара и конкретни резултати околу реформирањето на тајната полиција. Од амбасадата во Брисел, Европската Комисја побарала рокови, што може да се направи до крајот на годинава, а што до јануари 2018 – та. Во документот е нотирано дека комисијата не може да разбере зошто се оддолговлекува Собранието да има зајакната контрола над УБК.