Според информациите кои ги објавуваат институциите првиот модерен херој во борбата против македонската корупцијата е жена.
Пријавителот на корупцискиот скандал по кој е уапсен директорот на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и уште едно лице позната како ,,Геријатрија Ѓорче” е храбра жена која соочена со мито и корупција го пријавила директорот Мухсин Арифи и човекот што му помагал во криминалот.
Оваа модерна хероина се соочила со бескурполозната криминална екипа која барала мито и во име на правдата и хуманоста со пријавата ќе расчисти со еден од многуте случаи на криминал во институциите.
Жената која засега од разбирливи причини е анонимна треба да биде идол на сите кои се борат против корупцијата и пример како треба да се однесува секој патриот што си ја сака државата.
По пријавата од жената херој Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поведе истрага против директорот на Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина во Скопје и уште едно лице, осомничени за примање поткуп и помагање при извршување на ова кривично дело. За двајцата се бара притвор.
Од Обвинителството наведуваат дека првоосомничениот – директорот на геријатриската болница – во период од 19 март до 8 април годинава во неколку наврати директно побарал значителна сума на пари за да смести пациент во здравствената установа.
Поткупот го побарал од жена-давател на доживотна издршка на лице кое боледувало од повеќе состојби и кое по лекарски препораки било упатено на болничко згрижување во Геријатрија. Кога се обратила во установата, бидејќи состојбата на пациентот се влошувала, била известена дека пациентот е ставен на листа за чекање.
Жената по неколку дена добила телефонски повик од второосомничениот во постапката, кој ѝ закажал средба со директорот на болницата вечерта на 19 март во угостителски објект во Скопје.
„На средбата, првоосомничениот лично кажал дека знае оти пациентот е материјално добро ситуиран, за што имал податоци и за недвижниот имот кој го поседува, па ветил помош за сместување ако биде награден со 100 000 евра.
Жената – сведок во постапката – реагирала дека тоа се многу пари, на што директорот предложил до бараната сума да се дојде преку продажба на недвижниот имот – стан кој го поседувал пациентот, што не било опција бидејќи станот бил опфатен со договор за доживотна издршка“, наведуваат од ОЈО ГОКК.
Уапсен директор на здравствена установа, барал 20 илјади евра за прием на пациент






