Есента во Македонија и на северната хемисфера на Земјата ќе започне денеска во 22 часот и две минути. Во истовреме на јужната Земјина полутопка ќе започне пролетта.
На почетокот на есента, сонцето во Скопје ќе изгрее во 6 часот и 19 минути, а ќе зајде во 18 часот и 33 минути. Денот ќе трае 12 часа и 14 минути.

За првиот есенски ден метеоролозите најавуваат сончево и посвежо време со умерена облачност. Ќе дува умерен северозападен ветер, кој долж Повардарието повремено ќе засилува. Во вечерните часови облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 16 до 23 степени.
Есента ќе трае до 21 декември кога настапува зимата.





