По двата пораза од Бундес второлигашот Бершингер и синоќа од германскиот првак Рајн Некар Левен (34-25), денеска актуелниот Европскиот шампион славеше против Гумерзбах со 37-26. Противникот на црвено црните кој практично е и домаќин на турнирот ја загуби борбата за третото место уште до полувреме кога Вардар водеше со 18-11.
Вардар во првите средби од новата сезона игра во шарен состав бидејќи тренерот Раул Гонзалез користи и неколкумина стандардни, но шанса им дава и на неколкумина помлади. За Вардар ова беше прв триумф на подготовките во Германија.





