Американскиот претседателот Џо Бајден денеска во Камп Дејвид ќе разговара со своето семејство за иднината на неговата кампања за реизбор.
Речиси половина од гласачите-демократ Бараат Бајден да се повлече од претседателската трка
По дебатата што се емитуваше на Си-Ен-Ен во четвртокот, многу демократи изразија загриженост околу неговата способност да го победи поранешниот претседател Доналд Трамп, пренесува Ен-Би-Си Њуз.
Патувањето на Бајден било планирано пред дебатата во четвртокот. Тој и првата дама Џил Бајден им се придружија таму на своите деца и внуци.
Личност запознаена со случајот вели дека Бајден на крајот ќе слуша само еден советник.
Единствената личност која има најголемо влијание врз него е првата дама, рече оваа личност.
„Ако таа одлучи дека треба да се промени курсот, ќе има промена на курсот“.
Собирот во Камп Дејвид не е формален семеен состанок….






