Прес секретарката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, ненадејно го прекина интервјуто во вторникот, кога водителот на радио во Северна Каролина ја праша дали 81-годишниот американски претседател Џо Бајден страда од деменција, објави Њујорк пост.



Водителот инсистираше на тоа дека „многу луѓе прашуваат и сакаат да го знаат ова“.

Таа рече дека прашањето било „неверојатно навредливо“ пред да го прекине интервјуто неколку моменти подоцна, накратко посакајќи му на водителот „убав ден“.

Портпаролката потсети дека лекарите на претседателот редовно даваат извештаи за неговата здравствена состојба и истакна и колку шефот на државата е посветен на својата работа.

По гафот на Бајден: Да живее арапската република Мексико

Според анкетите на јавното мислење, ова прашање ги загрижува Американците.

Анкетата на ABC News спроведена во април покажа дека 86 отсто од Американците мислат дека Бајден е премногу стар за да се кандидира за претседател, во споредба со 62 отсто кои го велат истото за Трамп (77).

Бајден ја помеша Ангела Меркел со покојниот Хелмут Кол

Проблемот станува уште поголем понеколку јавни настапи на Бајден, каде тој ги меша земјите и сегашните и поранешните светски лидери…