Константинос Кацикис од „Неависни Грци“(АНЕЛ), се закани дека ќе ја напушти партијата и парламентот доколку лидерот Панос Каменос го смени својот став кон прашањето за името на пЈРМ.
Во изјава за „Скај“ на прашањето што ќе стори доколку Каменос го стори тоа, Кацикис вчера рече „ќе заминам“.
„Моето богатство е моето лице, моите зборови, моите постапки и одговорност… “ рекол Кацикис според кој тој не сакал да се компромитира за пратеничко место.
Покрај тоа, пратеникот на АНЕЛ истакнал дека со лично присуство ќе му даде поддршка на митингот против името Македонија што ќе се одржи во недела на, 4 февруари.
„Незавински Грци“ (АНЕЛ) е седма по големина партија во грчкиот парламент со освоени 3,69 отсто гласови на изборите во 2015 година и има 10 пратенички места.
АНЕЛ е помал коалиционен партнер во владата на Алексис Ципрас, а во однос на спорот со „Скопје“, став на партијата е дека идното име не треба да го содржи „грчкиот термин Македонија“ и се залагаат за одржување референдум за ова прашање.





