Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ извади документ и се потсети на времето кога младите социјалдемократи биле за почит

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ или лидер на Унијата на млади сили Сергеј Попов извади документ од кој се гледа дека СДСМ лаже и се потсети на времето кога младите социјалдемократи биле за почит.



Попов објави документ од кој се гледа дека УМС на ВМРО-ДПМНЕ уредно побарале користење на пиротехника за на отворено што ме е забрането со закон.

,,Се е пријавено дечки, затоа вчера ви рековме два пати да размислите пред да излезете на прес. Ама толку слушате, затоа сте младина сведена на статистичка грешка.

P.S. Штета, паметам времиња кога СДММ беше подмладок за почит”, напиша Попов до своите колеги од СДММ.

Преходно СДСМ односно социјалдемократската младина обвини дека Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ користела пиротехника без дозвола.

,,Бидејќи употребата на пиротехника е и законски забранета и казнива бараме МВР да постапи без одлагање – кој одобрил, кој набавил, кој наредил употреба на пиротехнички средства”, прашаа од СДММ на партиска пред конференција.