Пратеник, милионер и тендераш може да влијае на одлуките на партиите, Хајредини за состојбата во албанскиот блок

Екс министерот за финансии Џевдет Хајредини во својот најнов пост на социјалните мрежи Борова за пратеник, милионер и тендераш кој може да влијае на одлуките на лидерите и на партиите.



Хајредини не открива за кого зборува но меѓу редови јасно кажува кој е ,,осомничениот”.

,,Бизнисменот пратеник на ДУИ, кој, со повеќе иљади тендери добиени од државни и јавни институции, заработува стотици милиони евра, има економска сила да влијае, и врз одлуките на претседателствата на политичките партии и нивните “лидери”.
П.с.
Според многу “допрени гласови” тој со години тоа го прави”, пишува Хајредини кој не споменува имиња.

Еден од профилите кои можат да се препознаат во оваа кратка анализа на Хајредини е пратеникот на ДУИ Исмаил Јахоски познат како Пуцко Петрол.

Пратеникот на ДУИ чиј син Самите Јаховски сега ја води компанијата Пуцко Петрол е близок и со лидери на ДУИ но и со лидерот на дел од Алијансата за Албанците Арбен Таравари кој токму од Јахоски купи скапа куќа во елитен дел од Скопје за само 500 евра по квадрат, сума далеку помалку од пазарната вредност.

Хајредини не прецизира дали зборува за Јахоски и дали сега тој влијае на однесувањето на Таравари во релациите со другите партии од ВРЕДИ.

Синот на Исмаил, Асмир Јахоски во моментов е во домашен притвор за милионски тендер.

Нафтената компанија „Пуцко Петрол“, чиј сопственик Асмир Јахоски е меѓу осомничените за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, за една година добила над 200 тендери, а за период од 5 години склучила вкупно 1.776 договори за јавна набавка во вкупен износ од 137 милиони евра, од кои половина во постапки без конкуренција.

Во меѓувреме, „Пуцко Петрол“ си ги врати парите и наплати плус 2 милиони евра од буџетот за неизградената бензиска во Карпош, а оваа компанија и поврзаната „Би Холдинг“ продадоа 2 бензиски на автопатот при влез во Скопје за 7,5 милиони евра на приватна компанија, поврзана со друштвото што го реализираше милионскиот договор за опремување на новиот културен дом во Тетово. Како што е познато, фирмата го купи и просторот кај „Алумина“, но се уште не успева да изгради висококатници.