Пратеник и лидер на партија прогласи македонски уредник за „малоумник“ и „дегенерик“

Пратеникот во Собранието на Република Македонија  од опозицијата и лидер на Демократската Партија на Србите во Македонија Иван Стоилковиќ го именуваше денеска  главниот уредник на весникот Слободен Печат и на порталот Плусинфо Бранко Геровски како дегенерик и малоумник.



Оваа тешка навреда Стоилковиќ ја објави на својот фејсбук профил. Во неа тој бара од Србите што го поддржуваат Геровски и неговата политика да се удават.

„Еве како Бранко Геровски, дегенерик платенички, нас Србите не нарекува цигани. Србите што го поддржувате   овој малоумник и неговата политика удавете се таму каде што уринираат бабите. Немам друга порака“, пишува Стоилковиќ на својот Фејсбук профил.

„Ево како Бранко Геровски, дегенерик плаћенички нас Србе назива циганима. Срби који подржавате овог малоумника и ту политику удавите се тамо где бабе пишају! Немам другу поруку“, пишува во оргиналната порака на српски јазик.

Пораката на Стоилковиќ се однесува на текст на Геровски поврзан со актерката Ирена Ристиќ која што како „цигани“  именувала Роми поради тоа што нападнале коњ.

Во текстот Геровски од Ристиќ бара да им се извини на Ромите и зборува за начинот на кој што во Македонија со погрдни имиња се нарекуваат луѓето чии презимиња завршуваат со “иќ“.

За Стоилковиќ овој пасос од текстот на Героски значи дека Геровски Србите во Македонија ги нарекува како „цигани“ по што го нарелува уредникот „дегенерик“ и „малоумник“.

 

Прозваникот Геровски во текот на денот не реагираше на овој навредлив напад од страна на пратеник во македонскиот парламент и лиер на политичка партија.