„Пратеникот Сали Мурат на денешната седница во Собранието ѝ се обрати на јавноста на турски јазик. Претседателот на Собранието Африм Гаши го прекина и го потсети дека го крши деловникот. Мурат рече дека со доаѓањето на демократијата во * Македонија е забранета употребата на турскиот јазик во Собранието, што беше дозволено некогаш.“ – објави ТВ Клан Македонија.
ТВ Клан Македонија го цитира искажувањето во овој контекст на пратеникот Мурат, кој, инаку, во октомври 2019 година беше избран и на позицијата претседател на Уставниот суд на Република Македонија: „Во мојата прва реч во седницата на Собранието би сакал да зборувам на турски јазик. Се надевам дека работата на Собранието ќе биде корисна за нашиот народ и за нашата земја. Посакувам како и другите пратеници и ние, претставниците на турската заедница, да имаме можност да зборуваме на нашиот мајчин јазик во Собранието. Ова право во име на демократијата ни беше ускратено поради еден дискриминаторски и наметнувачки став пред повеќе години. Се надевам дека со демократизацијата на Македонија ќе се обезбеди владеење на правото за сите народи, оти јазиците ќе станат еднакви и сите, што седат во ова собрание, ќе го зборуваат и ќе го учат турскиот јазик. Ќе ја потсетам македонската јавност: од 1946 до 1990 година сме зборувале на турски јазик. Тоа можете да го проверите во архивите на нашата држава.“





