Оваа Задушница секогаш се паѓа в сабота пред месопусната недела во пресрет на велигденскиот пост и празникот Прочка.



Црквата пропишала посебни денови – задушници, четирипати годишно, кога верниците се молат за покој на душите на починатите. Задушница е секогаш в сабота, ден што црквата го одредила за помен и молитва за упокоените.

На задушница се оди во црква каде што се служи литургија и парастос. На овој ден се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите.

На Задушница верните им даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.

Поради верскиот празник на редовните линии 59 – Карпош 3 – Кучевишка бара – гробишта Бутел, 59А – Ново Лисиче – гробишта Бутел и 59Б – Кисела Вода – гробишта Бутел, ќе сообраќаат дополнителен број автобуси, информираат од ЈСП.