Правда за Фросина: Во сабота протестен марш во Неготино

Протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“ е најаваен за сабота во 14 часот во Неготино.



 

 

Како што се објавува на социјалните мрежи, другарките на Фросина Кулакова која беше прегазена на 29 јануари, организираат бесплатен превоз до Неготино и назад за оние кои се од другите градови, а сакаат за бидат дел од протестот, објави „Слободен печат“.

Фросина Кулакова беше прегазена минатата среда на пешачки премин на „Партизанска“ од 20-годишниот Васил Јованов за кого беше објавено дека возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло.

Според информациите Васил и претходно имал прекршочни сообраќајни пријави, а еднаш кривично одговарал и за поседување и продажба на дрога.