Досегашните партнери во бугарската влада, „Продолжуваме со промената“ и „Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) ја повлекоа поддршката за Марија Габриел како кандидат за премиер и нема да учествуваат со свои претставници во нејзиниот предлог-кабинет, пишува бугарски „Сега



Нивната реакција дојде откако вчера Габриел му претстави на претседателот Румен Радев владин проект кој не беше одобрен од ПП-ДБ.

Радев набрзина потпиша указ со кој му предложи на парламентот да ја избере Габриел за премиер.

Но, од ПП-ДБ изјавија дека „Госпоѓа Габриел повеќе не е дел од решението, туку дел од проблемот. Можеби најновото и најубавото лице на мафијата во Бугарија“, изјави синоќа копретседателот на ПП-ДБ, Асен Василев.

Николај Денков – досегашниот премиер кој е предложен за вицепремиер на листата на Габриел – изјави дека не се согласува да влезе во кабинетот, како и „значителен број министерски кандидати“…

Атанас Атанасов од ПП-ДБ го повика претседателот Румен Радев да го повлече указот со кој му предлага на парламентот да го избере кабинетот на ГЕРБ.

Доколку тоа не го направи шефот на државата, тогаш, според Атанасов, претседателот на Народното собрание Росен Желјазков (кој е на листата на министри кандидати – забелешка) не треба да дозволи расправа за владиниот проект од страна на пратениците.

Радев, одговори дека кога мандатот за влада ќе го исполни кандидатот за премиер, шефот на државата е обврзан со Уставот да донесе указ.
Марија Габриел, која се очекува да биде премиер во наредните 9 месеси, по дотацијата во Владата, побара извинување за „епитетите“ и навредите на нејзина адреса.