Две недели по потпишувањето на договорот за добрососедство меѓу Бугарија и Македонија со која двете страни се обврзаа да не се провоцираат, агенцијата „Фокус“ објавува реиздание на книгата на Антон Поп Стоилов „Бугарски книжевници от Македонија, печатена во 1922 во Софија.
Во книгата се поместени информации за сите „Бугарски книжевници“ кои што се родени и твореле во Македонија од 1704 до 1878 година.
Меѓу нив се: Христифор Жефаровиќ, Неофит Рилски, Рајко Жинзифов, Георги Динков, браќата Миладиновци, Кузман А. Шапкарев и други помалку познати автори.
„Пред нас излегуваат такви светли личности кои што треба да бидат најблиску до срцето на секој Бугарин особено на Бугарите од Македонија. Тоа не е само од почит кон нив туку и за поука на денешното поколение чија што должност е до крај да го спроведе започнатото нивно дело. Правот на нивните гробови ќе ни донесе проклетство нам ако не го продолжиме нивното дело. Секој Бугарин особено на тие од Македонија да не ја заборават мислата како да ги отргнат нивните браќа од ропството на Грците и Србите кои што ги зафати во 1913 година“, се вели во предговорот на книгата на Поп Стоилов. .





