По цели 7 години колку што СДСМ ги ДУИ беа на власт во Македонија Македонците во Албанија ќе се соберат на прослава на Илинден.
Прославата која се организира во моменти кога поради пописните резултати во Албанија македонското движење во оваа земја е во тешка криза.
Сенародниот собир ќе се случи утре наутро во пограничниот регион Голо Брдо во близина на граничниот премин Џепиште на македонско-албанската граница кај Дебар.
Прославата ја организираат повеќе македонски активисти објави друштвото на Македонците од Албанија,,Преспа”.
,,Ве известуваме дека во областа Голобрдо, село Требиште, се организира семакедонска средба по повод 2 август, македонскиот празник Илинден, денот на македонското востание за слободна и независна Македонија. Прославата ќе биде збогатена со културна и фолклорна манифестација каде ќе има настап и познатиот пејач Круме Спасовски”, стои во објавата на семакедонската средба во Голо Брдо.
На прославата се очекуваат и претставници на кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска Давкова и претставници на министерсрвото за надворешни работи предводено од Тимчо Муцунски.






