Агим Красниќи и Сехат Рамадани во четвртокот биле екстрадирани од Косово и се предадени на надлежните судски органи, а информацијата ја потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР).
И Красниќи и Рамадани треба да одлежат уште три од вкупно 15 години затвор колку што добија во 2008 година. Беа осудени за повеќе кривични дела, поврзани со киднапирање, насилство, изнуди и нелегално оружје.
Тие се вратени во затворот во Штип за доиздржување на казната на која беа осудени, каде не се вратија по слободен викенд во 2020 година.
Агим Красниќи беше дел од озлогласената „кондовска група“, која во 2004-та и во 2005-та соработуваше со повеќе осомничени насилници од Косово, кои се криеја во предградието на Скопје и се закануваа дека ќе го бомбардираат.
Претходно и Косовецот Бесим Красниќи, во мај беше екстрадиран во Македонија и вратен во затворот „Идризово“.
Красниќи беше уапсен во Косово во април оваа година заедно со неговиот брат Бесим Красниќи, како и со Фадил Точи и Рамадани.
Красниќи во Косово е осомничен за убиство во обид, а Рамадани и Точи за учество во тепачка.
Сите четворица беа барани по меѓународна потерница што ја распшиша Македонија.






