Според објавите во повеќе медиуми, телевизијата веќе неколку дена не емитува сигнал, оставајќи го градот без локален телевизиски медиум. Вработените се упатени во Агенцијата за вработување, додека медиумот останува во историјата како единствениот што долги години информираше за локалните настани.
Граѓаните на Струмица изразија разочараност од оваа одлука, коментирајќи дека телевизијата беше важен дел од нивното секојдневие.
Со затворањето на Виз, медиумскиот простор во регионот ќе остане со ограничен број локални опции за информирање.
Еден од најпознатите новинари од овој медиум, Ване Трајков на ФБ напиша:
Секој почеток има и свој крај…. По речиси 22 години работа заврши приказната Канал ВИС за мене…. Жалам што граѓаните од Струмица и регионот во моментов останаа без уште една телевизија…. Благодарност до сите колеги, со кои делевме и добро и лошо во изминатите години и ги прифаќавме предизвиците на локалното и регионално телевизиско новинарство …..






